Груевски: СЈО ги селектира оние „бомби“ кои ним им одат во прилог

by fokus

Екс-премиерот Никола Груевски поднесе жалба кон Апелацискиот суд, која е исполнета со цитати од пресуди на Европскиот суд за човекови права. Како што се вели во жалбата, тој не може да биде осуден врз основа на бомбите.

Исто така, тој смета дека бомбите се копија, а не оригинални докази и дека не било дозволено утврдување на автентичноста на бомбите.

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, во жалбата до Апелацискиот суд пишува дека СЈО ги селектирало само оние бомби кои ним им одат во прилог, а до него лично како обвинет не биле доставени бомбите како доказ. Се жали и на вештачењата на ЕОС консалтинг што ги нарача СЈО.

Поврзани новости