Груевски се збуни, па наместо СДС кажа СДСМ

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, попладнево одржа прес конференција на која ја критикуваше Владата предводена од СДСМ за сите нејзини мерки и одлуки.

До половина од прес конференцијата, Груевски владејачката партија ја ословуваше со „СДС“, намерно изоставајќи го м-то, нешто што неговата партија го практикува. Но, потоа Груевски како да заборави на тоа, па почна да кажува „СДСМ“.

Во обраќањето Груевски ја критикуваше Владата за политиките во здравството, образованието, надворешната политика… Според него, претходната власт правела се за доборото на граѓаните, додека сегашната не прави ништо.

Поврзани новости