Груевски се стопи: Никола, кажи ја диетата!

by fokus

Никола Груевски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ ја изненади јавноста со својата преобразба.

Познат како човек кој во изминативе години секогаш имаше неколку килограми плус, и копчињата на кошулите често му беа затегнати, предизвика лавина од реакции во јавноста откако по случувањата во Собранието се појави како гостин во емисија на ТВ Телма, со можеби десеттина килограми помалку.

И денес, на судењето за нарачката на насилствата во Општина Центар и шамарите за градоначалникот Андреј Жерновски, Никола повторно ја покажа новата, витка линија пред фоторепортерите.

Како потсетување – кога пред околу три месеци, кон крајот на јануари, тој се појави на промоцијата на 20 нови изданија од проектот ,,Најчитани вредности од областа на културното и природното наследство на Република Македонија’’ заедно со министерката Елизабета Канческа – Милевска, последното копче од неговата кошула беше пред пукање. Јавноста, не можеше, а да не ги забележи неговите облини, за кои се коментираше на социјалните мрежи, а кои денес буквално се стопиле.

Неговото инстант слабеење и влезе во очи на јавноста, посебно на понежниот пол, па социјалните мрежи се повторно преполнети со коментари од типот ,,Никола, кажи ја диетата’’ , ,,Груевски е сигурно на хроно исхрана’’, ,,Вака се топат килограми само во теретана, или од премногу маки’’ и слично.

Познато е дека Груевски не сака да коментира приватни теми пред јавноста, па не го ни запрашавме да ни ја открие својата тајна за брзото губење на килограмите, а која е многу интересна посебно за понежниот пол, сега кога се ближи времето за летување.

Останува енигма дали лидерот на ВМРО ДПМНЕ вовел здрави навики во исхраната, има личен тренер во теретана, или пак го изгубил апетитот од случувањата во земјава.

Вики Клинчарова

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости