Груевски се повредил на џогинг!

by Фокус 19:33
19:33

Премиерот Никола Груевски при џогирање во близина на неговиот дом го повредил горниот дел на левата нога, информираше вечерва неговиот кабинет.

„Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија ја информира јавноста дека при спортска активност – џогинг (спринт) во близина на неговото место на живеење премиерот Никола Груевски го повреди горниот дел на левата нога, поточно адукторната регија. Преземени се сите дијагностички и терапевтски процедури за ваквиот вид на повреда, препорачана е медикаментозна терапија и рехабилитација со намалување на физичките и спортски активности. Се очекува повредата да биде санирана во период до три недели по препорачаната терапија, а во меѓувреме премиерот Груевски ќе ги редуцира своите активности“, се вели во соопштението.

- Advertisements -
Banner NISSAN_Okt_300x250

Поврзани новости