Груевски се огласи на фејсбук по пресудата: Главата горе Македонци, доаѓаат подобри времиња!

by Фокус

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не присуствуваше на денешното рочиште во предметот Тенк за набавката на мерцедесот на кој му беше изречена првостепена казна од две години затвор, но по тој повод се огласи на фејсбук.

„ГЛАВАТА ГОРЕ ГОРДИ МОИ МАКЕДОНЦИ И ГОРДИ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА!!! Ова е твоја земја, ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе, во сите предизвици. Ти си нашата сила, ние сме вашата сила. Доаѓаат подобри времиња. Главата горе и не заборавајте, ова е ваша земја, ова е земја на сите вие кои што живеете во неа и ничија друга. ВИЕ ОДЛУЧУВАТЕ! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!“, напиша Груевски.

Поврзани новости