Груевски: Се надеваме дека СДСМ овојпат ќе изигра чесно

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, го поздрави вчерашниот договор меѓу политичките партии и порача дека сега е најважно да има избори што побрзо.

Тој се надева дека, како што рече, овојпат опозицијата нема да бара повторно алиби за нови одложувања или бојкотирања на изборите.

– Знаеме дека СДСМ има богата историја на одбегнување избори и на барање алиби за бојкотирање избори. Затоа е многу важно вчерашниот договор да се спроведе и да се имплементира, за да немаме повторно обиди на опозицијата во фаза на имплементација да одбегне нешто или да пролонгира. Се надевам дека овојпат ќе изиграат чесно и дека навремено ќе се спроведе сè што е договорено за да може оваа година да се одржат избори и да му се даде можност на народот да си го каже своето мислење – рече Груевски.

Поврзани новости