Груевски се моли со „Молитва“ на Блаже Конески

by fokus

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изгледа е во предизборна еуфорија. Тој се наврати на последните избори каде ја предводеше партијата и на својот фејсбук профил го реобјави спотот со песната „Молитва“ на Блаже Конески. На спотот, илустриран со снимки од Шарената револуција, наратор е актерот Владо Јовановски.

Во коментари неговите приврзаници му даваат поддршка, а дел од нив бараат да се врати на чело на партијата.

Спотот беше дел од изборната кампања на ВМРО ДПМНЕ во 2016 година, кога Груевски учествуваше на избори последен пат како лидер на партијата.

Блаже Конески – МОЛИТВА

Блаже Конески – МОЛИТВА

Publiée par Nikola Gruevski sur Samedi 26 mai 2018

Поврзани новости