Груевски: СДСМ треба од нас да учи што е реформска влада

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и денеска продолжи да се однесува како да е премиер и најавуваше изградба на нови објекти. И порача на СДСМ дека од ВМРО-ДПМНЕ требало да учи што е тоа реформска влада.

-Тие уште не влегле во Владата, а говорат сами за себе дека ќе биле реформска влада. Тие прво треба да научат од нас што е реформска влада. Реформи се работи што се прават, да се направат промени за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Ќе видиме какви реформи тие ќе направат. Сега за сега од она што можам да го дознаам главната реформа ќе им биде промена на името на државата и идентитетот, законот за јазиците и одредени работи кои што се зацртани во извештајот на Европската унија,  кој што без оглед ние ќе го завршевме доколку формиравме влада, рече Груевски.

Поврзани новости