Груевски: СДСМ со монтажи го потценува народот

by Фокус 10:56
10:56

Наместо проекти, наместо понуда – ќе терале со негативна кампања. Со црна кампања, со обвинувања, со монтажи, со лаги, со манипулации, со црнила и со плукања – еве си викаат „можеби сега на ваков начин народот ќе го изманипулираме“. Вака вчера на митингот во Берово се осврна премиерот Никола Груевски на кампањата на СДСМ по поразот во првиот круг од претседателските избори.

– Но, драги пријатели тоа е ново потценување на народот. Народот на овие избори сака понуда и тој доби понуди од ВМРО-ДПМНЕ – порача Груевски и рече дека до 27. април ќе ги издржеле СДСМ со нивната кампања.

- Advertisements -

Како што рече, до 27. април ќе слушаме 300 глупости, 300 монтажи и 300 измислици од СДМС.

– Ќе клеветат, ќе местат, ќе манипулираат, ќе викаат и ќе се закануваат. Зоран Заев знае дека ова му е крај на политичката кариера и затоа е вака трауматизиран и е во шок. И се однесува – ненормално, како да не е истиот тој. Несекојдневно – заклучи Груевски.

 

Поврзани новости