Груевски: СДСМ лаже, платата ми е единствен приход

by Фокус 17:11
17:11

– Со сета морална и материјална одговорност тврдам дека единствениот приход кој го имам изминативе години е приходот од платата која што ја добивам. Единствениот начин на кој што заработувам е преку платата која што ја добивав. Не постојат никакви екстра приходи, сомнителни трансакции или приливи какви што сака да измисли СДСМ, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ испратено во име на претседателот на партијата, Никола Груевски, а како реакција на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Шилегов денеска ги изложи анкетните листови на Груевски и обвини дека тој за една година заштедил речиси 120,000 евра.

- Advertising -

Експремиерот ги отфрла обвинувањата и вели дека „настапот на СДСМ е уште една голема лага”.

-Целосна лага е тоа дека анкетните листови од 2014 и 2015 година биле сокриени. Тие беа доставени до Државната комисија за спречување на корупција и достапни на јавноста. Свесен сум дека актуелниот закон не го наложува тоа, но повторно би апелирал до ДКСК да ги стави на увид моите анкетни листови. На граѓаните им требаат проекти и просперитет. Не им се потребни вакви валкани и невистинити сплеткарења“, стои во реакцијата на Груевски.