Груевски: СДСМ ќе ја враќале насмевката на граѓаните – со трескање глупости!

by Фокус 13:20
13:20

Човекот мисли дека ако некој му каже добар ден на улица дека тој и ќе гласа за него. Абе Заев овој народ е културен. Ќе дојдеш, ќе те угостат, ќе те поздрават – не е проблем. Ама да гласаат за тебе – на памет не им паѓа. Како та ти кажам?, му се обрати вчера премиерот Никола Груевски  на лидерот на опозицијата Зоран Заев од Гевгелија.

– Што ветија тие? Ќе ја враќале (н.з. СДСМ) насмевката кај граѓаните – со трескање глупости секој ден по митинзи и по телевизии. Ќе ја враќале среќата – значи општи работи, нема ништо конткретно! нема ништо сериозно, нема проект, нема буџети нема рокови. – изјави Груевски и ја нарече програмата на СДМС памфлет.

- Advertising -

Поврзани новости