Груевски: СДСМ е директен осмислувач за предизвикување на 27 април

by fokus
Никола Груевски од Будимпешта вечерва напиша нов статус на Фејсбук во кој ја обвини денешната власт дека ги осмислила инцидентите на 27 април.
-Јас мислам дека директни осмислувачи на сценариото за предизвикување на овие инциденти на 27 Април е самата денешна власт предводена од СДСМ, тогаш сеуште опозиција, или власт во доаѓање.
Пренагласеното покажување со прст кон политичкиот противник во секоја можна прилика, илјадници пати повторено, укажува на страв од откривање на вистинските креатори и осмислувачи, укажува на тоа дека и тоа како им е важно друг да биде прогласен за виновен, а тоа може некому да му е толку многу важно само доколку вината е кај него.
Зошто инаку би покажале со прст кон некого дека е организатор а знаат дека не е, без да имаат елементарен доказ и зошто би вршеле отворен и јавен а којзнае уште колку не јавен притисок на судот и судиите, за по секоја цена да утврди друг виновник, сега додека тие уште се на власт? – За да не се открие вистинскиот осмислувач на настанот после кој оваа власт доби голема подршка, што беше лесно предвидливо. Сега во време кога судскиот совет е целосно ставен под партиска контрола а на оние судии кои не се партиски контролирани од партијата на власта, во тек е генерална ревзиија и секој еден може лесно да биде разрешен ако не постапи според очекувањата на власта.
Зошто спротивно на законите, противуставно и со неделовничко гласање одлучија да бираат претседател на парламентот токму во време  кога народот кој 60 дена по ред мирно и достоинствено протестираше беше пред вратите на парламентот?, вели Груевски.
Тој додава дека СДСМ темпирале токму кога народот е надвор пред Парламентот и преку ФБ будно следи што се случува внатре во салата, а за таквиот директен пренос преку интернет се погрижиле неколку пратеници на СДСМ.
-Тие поигрувајќи си со чуствата на народот, кој протестираше во одбрана на уставот и законите и против тиранската платформа, веројатно поучени од некои стратези за управување со ваков вид кризи, посакуваа и провоцираа инцидент, за да со фрлање вина врз нас како партија и поединци од нејзиното тогашно водство, не прикажат како насилници и недемократска власт која не сака да се одкаже од власта на мирен начин, и со тоа да добијат силна подршка и надвор и внатре во земјата. За жал во тоа успееја. Засега. Додека еден ден не се разобличи и разоткрие се.
Ја следам и упорноста да ме прикажат мене како главен организатор, па Заев посочувајќи на тоа заборава дека тоа го прави без да посочи барем еден елементарен доказ, како што беше и кога во судот го тврдеше истото. Спомнуваат телефонски повик а немаат ништо од тоа, освен луди претпоставки, фантазии и лажни конструкции, ниту пак може да имаат бидејќи се е измислено во нечии болни умови, пишува Груевски.

Поврзани новости