Груевски реагира на пресудата за ТНТ – се спореди со ликот од романот „Процес“ на Кафка

by fokus

Сличности со славното дело „Процес“ на Кафка постојат во речиси сите политички мотивирани прогони последните 5-6 години, произлезени од партиски контролираните обвинителства СЈО и ОЈО, реагира експремиерот Никола Груевски од Унгарија, откако доби девет години затвор за случајот „ТНТ“, за уривањето на „Космос“.

За случајот, Груевски вели дека станува збор за апсурден политички прогон.

-Ајде кажи ми како сега да ги рушам некои објекти кои се за рушење, кои се незаконски изградени, после се ова што ти се случува тебе и на другите? Па подобро да одговарам за не срушено нешто што требало да се сруши, отколку за срушено а што требало да се сруши”. Ова прашање ми го постави пред околу две недели во телефонски разговор еден актуелен градоначалник во Македонија, пишува Груевски, се вели во дел од статусот на Груевски, кој опширно опишува зошто „Космос“ бил дивоградба и требало да се руши.

 

Поврзани новости