Груевски: Разумното и рационалното однесување се нашиот код

by Фокус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ја отвори политичката академија на ВМРО-ДПМНЕ организирана во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија и Институтот „Павел Шатев“.  Оваа прилика тој ја искористи да ги повтори своите ставови дека опозицијата бегала од избори.

-Вистинската политика подразбира носење на мудри одлуки со кои треба да се направи совршен баланс штитејќи ги државните интереси, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш успева да го постигне тој баланс, при што најважни за нас се граѓаните и интересот на државата. Рационалното и разумно однесување, но и штитењето на националните и државните интереси е кодот на нашето однесување, рече Груевски.

Тој додаде дека ним важни им биле и демократските вредности, а немало поголема демократија од тоа кога народот одлучува и се слуша неговиот глас.

Поврзани новости