Груевски прозборе низ Иванов: Нови избори се можно решение за кризата

by fokus

Претседателот Ѓорѓе Иванов во интервју за унгарскиот весник „Маѓар Хирлап“ излезе со ист став како Никола Груевски, дека едно од решенијата за кризата се нови предвремени парламентарни избори.

Во интервјуто Иванов ја посочува платформата на албанските партии како причина за продлабочување на кризата, истакнувајќи дека таа станала услов за формирање на влада.

-Како претседател не можам и нема да дозволам тргување со Уставот и државните интереси на Македонија и поигрување со чувствата на македонските граѓани. На нови избори граѓаните ќе се изјаснат и за темите кои се наметнаа во постизборниот период, рекол Иванов.

Во врска со недоделувањето на мандатот за нова Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, Иванов вели дека проблем бил рокот во кој се поднесени потписите како доказ за мнозинство и тоа што Заев не ја отфрлил Платформата.

Иванов денеска престојува во работна посета на Унгарија, а предвидено е да се сретне со претседателот Јанош Адер, со премиерот Виктор Орбан и со претседателот на унгарскиот парламент Ласло Ковер.

Поврзани новости