Груевски презентираше мерки за развој на спортот, најави и боксерска лига

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ги презентираше партиските идеи за реформи и развој на спортот.  Главно, станува збор директна поддршка за спортистите, клубовите, федерациите, Македонскиот олимписки комитет.

Груевски најави даночно ослободување за компаниите кои ќе финансираат спортски клубови и зголемена поддршка од државата за спортиските федерации .

Меѓу мерките кои ги најави, се најде и директно финансирање на спортови кои немаат организира лига, а прв меѓу спортови ќе се поддржи боксот, за кој Груевски се надева дека ќе профункционира од септември идната година.

-Станува збор за популарен олимписки спорт, кој иако кај нас е присутен нема задоволително ниво на организација односно лига, а имаме успешна трација на врвни и успешни боксери од минатото што значи има доволно стручен кадар – рече Груевски.

Груевски најави и формирање на македонска боксерска репрезентација која ќе има мечеви со репрезентации од други држави и ќе се бори за места на меѓународни првенства. За оваа цел, според Груевски, веќе се утврдени средства во планираниот буџет од Министерството за финансии за 2017-та.

Поврзани новости