Груевски: Повторно ќе победиме на изборите

by fokus

Истражувањата покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе победи на претстојните избори на 11 декември со значајна разлика, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на денешната средба со преставници и пратеници од Европската народна партија (ЕПП) кои учествуваат на есенската сесија и на Парламнетарното собрание на ОБСЕ кое од вчера се одржува во Скопје, јави МИА.

-Изминатите десет години спроведени се многу реформи и проекти кои се важни за иднината на земјата. Сите овие резултати и проекти беа препознаени од македонските граѓани. Македонските граѓани гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводиме. Тоа беше потврдено на сите избори изминатите десет години. Сега ни претстојат избори на 11 декември а сите индикатори покажуваат дека повторно ќе победиме на изборите со значајна разлика, рече Груевски.

Тој изрази надеж дека со овие избори политичката криза во Македонија ќе заврши, и оти треба да се почитува волјата на народот изразена на изборите.

-Кризата треба да е привремена не смее да трае премногу долго. Долгите кризи се лоши за секоја држава и за секое општество, а во секоја демократија народот е тој кој што треба да се остави да одлучи кому ќе му ја даде довербата и поддршката. Одлуката на народот треба да се почитува. Треба да најдеме излез од нашата криза, а решението за оваа политичка криза се претстојните избори на 11 декември, рече Груевски.

Поврзани новости