Груевски побара ослободување на приведените за 27 април и најави битка за татковината

by Фокус

Бараме безусловно запирање на сите процеси на политички прогнон од страна на СДСМ и ослободување на сите лица опфатени од овој прогон, изјави предмалку на пресконференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по апсењето на партиски функционери поради учество во насилството во парламентот на 27 април.

-Ова е последниот час кога треба да се изреагира, народот да се избори против хунтата на власт. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води битката за правдината и татковината. Оваа битка ќе биде тешка и долга, но ќе ја добиеме и ќе резултира со победа. Ние ќе бидеме на браникот на татковината – истакна Груевски.

Тој додаде дека 36-те лица осомничени за терористички загрозување на уставниот поредок не сториле никакво кривично дело, туку, според него, се бореле против тиранската платформа лија цел е двојазичност и редефинирање на Македонија.

Поврзани новости