Груевски по обвинението: Заев праќа инспекции во фирми на бизнисмени, лишува затворени луѓе од вода за пиење само да станат лажни сведоци против мене

by fokus

Со неколку уценети сведоци Зоран Заев продолжува со политики прогон и терор врз неистомислениците, реагира поранешниот премиер Никола Груевски откако обвинителството за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против него и уште неколку лица за случајот „Плацевите на Водно“, а Кривичниот суд му одреди притвор, но откако ќе биде обезбеден бидејќи од пред неколку години избега во Унгарија, каде доби азил.

Тој во објава на Фејсбук, Заев го нарекува криминалец и обвинува дека под негова раководна палка институциите вршеле и се уште вршат жесток притисок и уцени на луѓе со барање да станат лажни сведоци против него.

-Тој не се двоуми и самиот да праќа пораки до некои од жртвите дека ќе им пружи милост доколку лажно посведочат против мене. Не му е проблем репресиите да одат и до тој степен да некој со денови затворен, да биде лишен и од вода за пиење, ако веќе нема друг начин како делува. Праќањето на сите инспекции во фирми на бизнисмени со задача да им се изврши притисок да станат лажни сведоци е секогаш првата алатка од која почнува, па потоа ако тоа е неуспешно оди понатаму кон други тортури, напиша  Груевски.

Според него, на Заев му требаат случаи за да го сврти вниманието од неговите рекетарско-криминални потфати, од бизнисот со марихуаната, а ја споменува и афера со пасошите.

-Се што во овие години прави Зоран Заев еден ден ќе се разобличи и ќе излезе на површина а тој ќе одговара за тоа. Целата негова криминална шема и валкани методи ќе бидат откриени и казнети, напиша Груевски.

Поврзани новости