Груевски: Планираме брзо да се вратиме на власт

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска се сретна со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Тој на Хан му порачал дека време е Македонија да ги започне пристапните преговори за членство во Европската Унија.

„Разговаравме за состојбата во Македонија и она што следува. Позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е крајно време е на Македонија да и се овозможи почеток на преговори за влез во ЕУ. Направивме многу реформи, не може постојано тоа да биде изговор за да не се отворат преговорите. ВМРО-ДПМНЕ направи многу реформи кои беа одобрени од меѓународната заедница и мислам дека тоа треба да има одреден резултат“, истакнал Груевски.

Тој додал дека да не била блокадата од јужниот сосед и толеранцијата од ЕУ кон таа блокада, Македонија досега ќе беше во ЕУ.

„Време е да се промени таа позиција и да и се дозволи на Македонија да оди напред. Тоа ќе биде и дел од моите понатамошни разговори и секако претставување на нашите планови како политичката партија која не само што планира да биде силна опозиција, туку и брзо да се врати на власт“, изјавил Груевски.

Поврзани новости