Груевски: Пендаровски е копија на Црвенковски

by Фокус 11:22
11:22

-Пред  некој ден една новинарка го прашува Пендаровски: „Што вие немаше да потпишете од тоа што потпиша Иванов“?  Тој одговори дека немаше да го потпише буџетот, оној што на 24 декемрви едвај го изгласавме. Погледнете за каква ментална матрица станува збор! – истакна Груевски.

За разлика од него, додаде тој, актуелниот претседател и кандидат на владејачката партија за уште еден петгодишен мандат, Ѓорге Иванов, е стабилен, искрен и чесен човек, кој не се знимава со сплетки и интриги.

- Advertising -

-Во политиката влезе со животно и професионално искуство, а сега  стекна искуство и како претседател на државата. Од другата страна имаме кандидат кој што е копија на неговиот ментор Цвренковски – нагласи премиерот.

Владејачката коалиција „За подобра Македонија“ синоќа одржа централен митинг и во Битола, од каде претседателскиот кандидат Иванов не се конфронтираше со своите противници, туку главно се осврна на сопствениот изминат мандат како шеф на државата.

Поврзани новости