Груевски: Ова што го прави СДСМ го немало ни во комунизмот, ни во 1949 година

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во последниот дел од интервјуото за „Република“ тврди дека судиите се под партиска контрола на власта, дека не може да одлучуваат според закон, туку како што има налага партијата на власт.

„И така го имаме СЈО кое работи со целосна партиска агенда, и судии кои немаат атмосфера за носење фер судска одлука. Сега и ЈО ќе биде целосно под контрола. Имаме класична заробена држава, во која секој кој не се согласува со марионетската власт и нејзините поддржувачи, може да биде обвинет и осуден без вина, и потврдено и таму каде што би се жалел. Судиите јавно говорат едно, но кај своите блиски говорат друго, што не ја намалува нивната одговорност. Затоа се судии, да одлучуваат по закон и да не подлегнуваат на притисоци од каде и да доаѓаат“ – тврди Груевски.

Тој додава дека не чувствува никаква вина за сите дела, кои според него, му ги наместила власта на СДСМ.

„Да имав вина немаше борецот за човековите права на Македонците и тешко болниот Едмонд Темелко да го држат во притвор со директна порака до него дека ако потпише изјава против мене веднаш ќе го ослободат. Човекот е толку болен, што лесно може да се случи да почине, а тие го измачуваат во притвор. Тој е полуподвижен, свиткан, не може да се наведне да си ги соблече чорапите, но мора да лежи за сосила да го принудат да сведочи за нешто што не било. Ова го немало ни во комунизмот до толку, ни во 1949 година – вели Груевски.

Поврзани новости