Груевски: Откако СДСМ е на власт нема телевизиски прилози за нови спортски сали

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечера од Зрновци обвини дека новата власт турка сеење на страв, агресија, заплашување, уцени, злоупотреби од полиција, закани како и тортура за да не се видела реалната слика во која живее народот.

-Погледнете овие пет месеци откако тие се на власт веќе нема проекти како во минатото, не зборуваат за економски достигнувања, инвестиции, нема веќе телевизиски прилози за нови училишни спортски сали или пак за нови училишта, нема нови фабрики, канализациски мрежи, водоводи. Исто така ги измамија и пензионерите и нема покачувања како што им даваше ВМРО-ДПМНЕ на сите пензионери, а најавија и кратење на субвенциите. Тие најново велат дека ќе ги зголемат и даноците, а оваа одлука е само уште една потврда дека тие не ги бива за работа и тоа се гледа. Сите овие работи како и дека носат чесни политичари, дека носат демократија и слобода, всушност тие на терен носат страв, тортура, уцени, закани и полиција. Пари за поткуп се делат на големо, а институциите молчат затоа што и тие се приклучени, истакна Груевски.

Поврзани новости