Груевски обвинува за местење судии, а го заборави тефтерчето на Јанкулоска

by fokus

Поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта, Унгарија, денеска ја поздрави македонската јавност со нов статус на социјалната мрежа фејсбук. Меѓу другото, Груевски се правда дека во негово време судиите се унапредувале според квантитативни и квалитативни критеруиуми, како и според закон, а сега само со ветување на премиерот Зоран Заев и тоа доколку судиите пресудувале по негови нарачки.

Но, во 2015 година, токму Заев, објавувајќи десетина „бомби“ ја обвинуваше тогашната власт дека судиите ги бира преку партиски тефтер.

– Тројца луѓе местат обвинители и судии и потоа ги влечат како пиони на шаховска табла, за сопствени потреби и цели. Судски одлуки не се донесуваат, туку се нарачуваат. Тоа се Никола Груевски, неговиот братучед, Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, рече Заев во 2015 година.
Тогаш Заев објави „бомба“ од која, како што рече, се слуша како Мијалков се преслушува кај Јанкулоска дали добро е информиран, за партискиот состанок што треба да го имаат, прашувајќи за кои места во судството треба да се договараат
СМ: Него да те прашам една работа. Ние кога биравме судии у 1-ца…
ГЈ: Аха
СМ: Имам овдека забележано 72-ка Лидија Петровска. Кој ја предложи неа?
ГЈ: Чекај да видам у тефтерчево…
СМ: Ај види
ГЈ: Сега не ми текнува по името…само да..тука ми е баш на маса, секунда, извини…За 1-ца беше?
СМ: Да, за 1-ца и таму ја избравме. Ја ја видов, мене ми фати око, беше добра. Многу ме интересира кој ми ја предложи.
ГЈ: Сега, сега, јас вртам дур збориме со тебе…
СМ: Да.
ГЈ: По списоциве…2-ка, 2-ка, Апелација…Марфиев закон…1-ца сигурно ми е на крај…еве стасав до 1-ца, само да видам…овде не ми се испозаокружени, а еве уште еден…Лидија Петровска, Сашка ја предложила, 72 број.
СМ: Аха. Сашка?
ГЈ: Еве. Да.
СМ: Добро.
ГЈ: И има и на рака напишано горе самото…нели она ни ги праќа материјалите…
СМ: Да, да, да.
ГЈ: Она има напишано на рака и плус, после тоа кога сме разговарале, значи сме ја штиклирале и уште еден плус и имам стаено, претпоставувам тоа врз основа на дискусијава што сме ја имале меѓу нас. Меѓутоа е од Сашка предложена, и горе на списокот, ти ти го имаш истиот, 72 на рака пишува Лидија Петровска.
СМ: 73 пишува. 72 пишува, а 73 пишува нешто друго.
ГЈ: 72 и 73 нешто друго, не можам да го разберам. А-на ра-до-…нешто
СМ: Ана Рајкова.
ГЈ: Е па ја не го дочитувам тоа Рајкова. Иначе ова е од Сашка.
СМ: Океј, добро.
ГЈ: Тоа е.

Се објави и „бомба“ од која се слушна како Александра Зафировска, претседателката на Судскиот совет реферира кај секретарката на Груевски, бидејќи така се договориле “со премиерот на последниот состанок“ – да го извести, дека распишува оглас за судии и за претседатели на судови.

Поврзани новости