Груевски: Ние оставаме за нас да говорат делата

by fokus

Ние оставаме за нас да говорат делата, кои се гледаат, чувствуваат, посетуваат, користат, кои помагаат, изјави денеска Никола Груевски на денешната Политичка академија која ја организираа Кондар Аденауер и институтот „Павел Шатев“.

-Кога на национално ниво ветуваа, а не остваруваа, тоа ќе биде пресликано и на локално ниво. Народот е мудар и знае да разликува што е реално и остварливо, а што не е, и уште поважно народот знае кој држи до зборот а кој не, кога ќе ветиме остваруваме. За секој град за секоја општина ќе имаме конкретна програма. Таа програма ќе биде концептот за развој на секое место на живеење. Конкретни и одмерени проекти кои ќе бидат реализирани, а ве уверувам дека секој од градоначалниците ќе ја има мојата поддршка, но и мојот притисок секое ветување да биде остварено, рече Груевски.

Груевски кажа дека економската приказна која ја граделе толку „долго и успешно“ на национално ниво која донела многу работни места, ќе ја пресликале и на локално ниво.

Поврзани новости