Груевски: Ние ја носиме светлината која и треба на Македонија

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ ја носи светлината која и треба на нашата земја, изјави лидерот на опозициската партија, Никола Груевски, на вечерашниот митинг во Берово.

-Време е. 15 е одговорот на помрачувањето. На 15-ти пуштете ја светлината. Светлината ќе ја донесете вие народот на Македонија. Во ваши раце е одлуката, ќе одберете светлина која и е потреба на нашата земја. Која ќе ја донесат земјоделците кои се обесправени, работниците чии плати се намалуваат, невработените чии шанси за работа постојано се намалуваат, докторите кои се уште не ги добија покачените плати, градежниците чија работа се уништува, просветните работници чии часови ќе ги кратат. Одлуката се носи на 15 октомври. Потребно е помрачувањето кое го донесоа да се победи, рече Груевски.

Тој обвини дека сегашната власт си ги делела тендерите на свои луѓе.

Поврзани новости