Груевски: Немој кога ќе се вратам да го видам автопатот до Штип упропастен!

by Фокус

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски објави нов статус на фејсбук, кој е посветен на изградбата на автопатската делница Миладиновци – Штип. Како што пишува Груевски, 85-90 отсто од автопатот бил завршен за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, додека остатокот го завршила актуелната влада.

„Првата идеја но и мислење за важноста за градба на овој автопат, првиот предлог дека треба да биде ставен во приоритетните проекти, ми ја даде еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ г.Васил Наумов, во првите година-две кога дојдовме на власт, при што скромно напомена дека ако само постојниот пат се прошири ќе биде голем успех. Тогаш ми се виде тешко остварливо и само го ислушав. Бреин стормингот почна(бреин дреинот, што би рекол Заев). Ќе имало или не доволен број возила како критериум за да добиеме кредит, дали банките ќе го подржат, колку би чинел, дали е исплатлив и многу други прашања висеа над глава кога го размислував и дискутирав со соработниците. По неколку години почнавме со првите активности. А кога ќе се почне нешто и ќе се заврши, па макар на крајот дошле на власт вакви “дрва за работа” и деструктивци како овие хохштаплери сега. Сепак, за последните 10-15 отсто од изградбата и тие имаат заслуга што ги завршија и јас сакам чесно да го кажам тоа. Несакам да бидам како нив“, пишува Груевски.

На крајот, тој испраќа поздрав од Будимшта и порачува: „Ннека е аирлија автопатот Скопје-Штип за сите кои ќе го возат. Овие лоповите од власта, нека се потрудат барем да го одржуваат како што треба. Немој кога ќе се вратам да го видам упропастен!Поздрав од Будимпешта“.

Поврзани новости