Груевски: Не се плашиме од неранимајковците на СДСМ

by fokus

Ние не сме се исплашиле од многу поголеми противници низ историјата гледано, а најмалку од овие неранимајковци и неспособни луѓе, рече Никола Груевски на денешната средба со граѓани во Македонски Брод.

-Како поминува времето секој ден гледаме како се случува терор, притисоци, закани, полициски хајки. Имаме корумпирани и криминални избори, станавме држава во која што полицијата наместо да го апси криминалот, таа го штити криминалот. Наместо да го применува законот, тие први го кршат. Ќе дојде време да се врати правдата, нашата борба за Македонија ќе ја врати правдата. Ние имаме заробена држава, тие зборуваа во минатото за заробена држава, но зборуваа напразно, сега Македонија стана заробена држава. Заробена држава во која дел од полицијата го штити криминалот, криминалците се на сцена и главни по улиците, а народот не чувствува заштита, изјави Груевски.

Поврзани новости