Груевски: Не се бориме само да победиме, туку и да ги освоиме срцата и мислите на сите

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Радовиш ги наброи сите проекти кои ќе ги направат, доколку ја освојат локалната власт.

Тој додаде дека тие не се борат само да победат, туку и да ги освојат срцата и мислите на сите.

-Не се бориме само да ги управуваме општините, туку се стремиме и понатаму да им служиме на нашите градови и луѓе. Сакаме да градиме градови во кои сите ќе живеат во мир, спокојство и среќа. Ваша е одлуката. Од вас зависи иднината на Македонија. Ставете крај на помрачувањето и да одиме заеднички гордо напред. Да ја развиваме Македонија, да ја модернизираме, да реализираме проекти кои што ќе бидат од ваш интерес, од интерес на Македонија. Затоа на сите страни, градови и региони во Македонија, ние велиме само едно, со сите наши луѓе како еден човек, со едно срце, во еден глас: Секогаш работа, секогаш Македонија – потенцираше Груевски.

Поврзани новости