Груевски: Нашата победа ќе биде огромна, а Пендаровски се фали дека водат на сите анкети

by fokus

Во Македонија се променија многу работи од кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, а граѓаните го осетија тоа на своја кожа, рече Никола Груевски вечерва на митинг во Свети Николе и додаде дека во времето на СДСМ, невработеноста се зголемува, додека во времето на ВМРО-ДПМНЕ таа се намалува.

„Не само минатиот труд и програмата наречена „Реално“ ќе не донесе до нова голема победа. Граѓаните овој пат имаат и специјална причина поради која ќе ги поразат СДСМ. Затоа што ги потценија, во овие две и пол години земјата ја ставаа во криза заради свои и нечии туги цели. Не само што слушаме дека ја напуштија теоријата дека ќе победат, туку сега шират теорија и за широка коалиција. Тоа нема да се случи. Тоа нема да ја реши кризата. И сега имаме на некој начин широка олаиција, па ништо не се промени. Нашата победа ќе биде огромна и на СДСМ нема да им текна да бараат широка коалиција- рече Груевски.

Груевски нагласи дека крајот на кризата ќе дојде само под еден услов , а тоа е доколку ВМРО-ДПМНЕ освои 63 пратеници.

-Откако им одговориме за широката коалиција сега најнова теорија им е дека водат на сите анкети. Пендаровски вели дека водат на сите анкети, а Шекеринска вели дека анкетите не се точни. Во 2014 Пендаровски велеше дека водат и тоа не малку, а изгубија со најголем број на освоени гласови на ВМРО-ДПМНЕ во историјата на Р. Македонија- рече Груевски.

СДСМ две и пол години ја држи Македонија во заложништво само поради приказните за фантомски гласови, нагласи Груевски.

-Две и пол години Македонија се држи во политичка криза и заложништво и се започна со фантомските гласачи. Особено во последната година постојано го лажат народот со приказната дека изборните списоци не се прочистени и дека има 500.000 фантомски гласачи. Овој народ е мудар и знае да препознае дека некој го мами и потценува, рече Груевски.

Поврзани новости