Груевски наместо првичните 500.000 евра, побара 50.000 евра од Заев

by Фокус

Ваквата одлука адвокатот ја образложи истакнувајќи дека целта не била да се постигне висока штета, туку да се докаже чесноста на премиерот Груевски.

Адвокатите на Зоран Заев денеска повторно побараа да се дозволи сведочење на Ден Дoнчeв, но судијката Весна Калковска по втор пат го одби Дончев како сведок, по што Зоран Заев стана и го напушти судењето.

„Намалувањето на казната е евтин трик, а целта овде беше да се докаже вистинитоста на нашите наоди. Со самото тоа што судот не дозволува такви докази и го одби Дончев како сведок, ирелевантно е колку пари бара премиерот бидејќи ние сме спремени да ја докажеме вистината“, рече Заев откако ја напушти судницата.

Во завршните зборови Зоран Заев кажа дека тој аудио-снимката за наводниот поткуп при продажбата на „Македонска банка“ ја добил лично од Ден Дончев, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ во време кога се одвива продажбата на банката, и дека Дончев му потврдил дека сите трансакции кои се споменуваат во снимката биле обавени.

Поврзани новости