Груевски: На Велигден нема да говорам за опозицијата, ќе зборувам за убави работи!

by Фокус 10:10
10:10

Апелирам до оние кои гласаа и за СДСМ, сега кога веќе е јасно кој ќе ја добие довербата од народот, а јасно е од 13. април. Сега ни е потребен и нивниот ветар во грб. Не заради нас толку, заради нив пред се’, порача вчера премиерот Никола Груевски на митингот во скопски Аеродром. Тој вечерта вети дека нема да зборува за опозицијата, туку дека ќе говори само за позитивни работи.

– Многу е важно за да се остварaт проектите коишто се важни за сите граѓани па и за оние кои во првиот круг гласале за СДСМ, за некој друг или за никого. За да се остварат овие 2046 проекти од програмата „Проверено“, многу  е важно за да немаме сопки, да немаме кочници, да немаме условувања, да немаме запирања, да немаме нестварени делови. Многу е важно да ја добиеме поддршката на уште мал број на граѓани кои не гласале минатиот пат, макар и да гласале за СДСМ затоа што тие проекти се и за нив и за нивните деца – порача Груевски.

- Advertisements -

Поврзани новости