Груевски на Могерини и се жалел од Ахмети

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по состанокот со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини си замина без изјава, а по средбата партијата испрати соопштение.

Во него стои дека Груевски на шефицата не европската дипломатија и се жалел за платформата на Албанците и рекол дека тоа е „бруталното мешање во внатрешните работи на соседна држава”.

Освен тоа, лидерот на ДПМНЕ изразил незадоволство што преговорите за коалиција со ДУИ пропаднале, обвинувајќи го Али Ахмети дека го нарушил принципот за коалицирање на „победник со победник” по изборите.

Груевски, побарал и нови избори, убедувајќи дека тоа е најдоброто решение за излез од кризата.

Во соопштението нема информација која била пораката на Могерини до ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости