Груевски: На изборите ја видовме најреалната анкета

by Фокус 08:55
08:55

Вчера во Македонија имаше избори, вчера ја видовме најреалната анкета од сите во Република Македонија. Во која што убедливото мнозинство на граѓани ја даде поддршката на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата За подобра Македонија, сегашниот и идниот претседател Ѓорге Иванов, изјави премиерот Никола Груевски на синоќешниот митинг во Охрид.

– Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ добија околу 450.000 гласови, 123.000 гласови разлика во однос на СДСМ. Македонија покажа дека знае да направи разлика, Охрид покажа дека знае да направи разлика. Мене ми е драго што граѓаните на Македонија имаат доволно политичко искуство да направаат разлика меѓу оние коишто не држат до зборот и оние коишто манипулираат со граѓаните. Оние кои даваат лажни обвинувања до противникот за да дојдат до власт како крајна цел. Тоа е на едната страна, а на другата страна има нова политичка гарнитура која од 2006 година покажа дека во политиката може поинаку да се работи. Нова политичка гарнитура која покажа што значи да имаш почит кон својот народ, не само кон своите поддржувачи. Што значи да го реализираш ветеното и што значи да се работи од утро до мрак и многу повеќе од тоа – порача Груевски.

- Advertising -

На митингот во Охрид Груевски директно му се обрати на лидерот на СДСМ Зоран Заев, му порача да го признае поразот и го советуваше дека не може да се промени ако во една општина го фали Бранко Црвенковски, а во друга вели дека СДСМ се променило. Според Груевски промените не доаѓаат ако се смени партиската боја од сина во виолетова и потсети дека СДСМ му го земале слоганот „Нов почеток“ кога тој станал претседател на ВМРО-ДПМНЕ, период кога Груевски не морал да го убедува народот дека партијата се променила оти тоа им било јасно на сите.

Според премиерот Заев „ак’лот го лаже, ама немало кој да му каже“ за тоа дека народот го поддржувал, а на претседателскиот кандидат „Стево познат како Стевчо од порано“ му порача дека не доликувало да го напаѓа противкандидатот Иванов.

 

Поврзани новости