Груевски: На 27 април ќе видиме кој е потпросечно интелегентен, кој е натпросечно интелегентен

by Фокус 11:21
11:21

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вчерашниот митинг во Центар пред своите симпатизери и членови на партијата истакна дека СДСМ на овие избори доживела дебакл, поради неискрената политика кон своите граѓани.

– Велат дека тие што гласале за нас се потпросечно интелигенти. На 27 април овој народ ќе одговори кој е потпросечно, а кој е натрпосечно интелигентен. Бараат да се смени нивното мислење, од тие што ги сметаат за потпросечно интелегентни. Па, кога ќе се грабнат после меѓу себе во партија, еден против против друг, па потоа ќе гледаме како се напаѓаат, си монтираат, си ја префрлуваат вината и како си прават интриги. Но, ние нема да се занимаваме со нив, туку ќе ги оставиме да се расправаат, ќе продолжиме да работиме за добро на земјата – рече Груевски.

- Advertisements -

На митингот, кандидатот за претседател на оваа коалиција, Ѓорге Иванов рече дека ги поддржува стратегиските политики на владата кои значат подобар живот.

– Ги поддржувам сите политики за поквалитетен живот. Има ли поквалитетна соработка меѓу институциите освен плодна соработка? Коа институциите соработуваат, има резултати – рече Иванов.

 

 

Поврзани новости