Груевски му го отстапи вмровскиот трон на Мицковски

by fokus

Никола Груевски денеска изврши примопредавање на кабинетот на новоизбраниот партиски претседател Христијан Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека Груевски му посакал успех во работа на новоизбраниот претседател Мицкоски, истакнувајќи дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните очекуваат мудрост и разум во одлучувањето, како и решителност во справувањето со предизвиците наметнати од Владата.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека водењето на ВМРО-ДПМНЕ преставува голема чест и предизвик, дека ќе биде максимално насочен кон исполнување на очекувањата и креирање на понуда за она што се очекува од ВМРО-ДПМНЕ да биде одговорна опозиција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости