Груевски: Мислите дека вака ќе ме елиминирате, но така ме правите посилен

by fokus

Некогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски упати лавина критики кон судовите во Македонија. Како што рече тој, се врши политички прогон со цел собирање на политички поени. Исто така, тој посочи дека не постојат докази дека тој е виновен за дел од предметите за кои се товари.

„Во предметот за патиштата сум обвинет дека сум влијаел да се изгради автопатот Охрид – Кичево со цел да добијам политички поени. Четвртиот предмет е дека сум поттикнал насилство, на кој обвинетите осум лица, според приложените докази, ниту некого повредиле ниту нешто оштетиле, но ги теретат дека некои лица од СДСМ се вознемириле. И во петтиот предмет немаат ниту сведок ни потпис. Ме теретат бидејќи бев водич на ВМРО-ДПМНЕ. Се има граници. Нема слободно судство. Заради сето ова, јас одлучив утре ниту јас, ниту моите адвокати да не се појавуваме на Апелационен суд. Нека донесат пресуда каква одлучиле. Ова се политички процеси. Ова лудо време ќе помине брзо. Мислите дека вака ќе ме елиминирате, но ќе ме направите посилен. Некој незнаејќи како да излезе од кашата, верува дека со политчки прогон кон мене, ќе го заплаши народот – ете како завршуваат тие кои се бореа за националните интереси. Секој кој така размислува е воден од гнев“, рече Груевски.

Поврзани новости