Груевски ќе се жртвува за насилниците од 27 април: Нека ме уапсат мене и раководството на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва во интервју на Алфа прво се огради од насилниците кои упаднаа во Собранието на крвавиот четврток и рече дека ниту ги организирал, ниту ги повикал да влезат во Собранието, а потоа се понуди да биде уапсен наместо нив.

-Нека ме уапсат мене и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ама нека не ги малтретираат луѓето кои понесени од емоции влегле во Собранието и направиле грешка, рече Груевски.

Поврзани новости