Груевски ќе остане пратеник и покрај правосилната судска пресуда

by Фокус 12:51
12:51

И покрај правосилната судска пресуда, собранието не собра двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на поранешниот премиер и актуелен Никола Груевски, откако предмалку, без никаква дискусија, 58 пратеници гласаа „за“, а 29 гласаа „против“.

Откако скопскиот кривичен суд испрати известување дека Груевски е правосилно осуден на двегодишна затворска казна, матичната парламентарна комисија за мандатно-имунитетни прашања препорача одземање на мандатот на поранешниот премиер.

- Advertisements -

Но, сепак, предмалку на пленарна седница не беше постигнато потребното двотретинско мнозинство од 80 пратеници за да донесе конечна одлука за одземање на мандатот на Груевски.

Поврзани новости