Поранешниот премиер, Никола Груевски, следниот месец ќе брани докторат на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кири и Методиј“. Одбраната на докторскта дисертација е закажана за 6-ти јули во Салата за состаноци на Економскиот факултет.
Докторатот на Груевски е на тема „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“.
- Advertisements -
Дел од јавноста низ социјалните мрежи коментира дека Груевски нема правно на одбрана на докторат бидејќи неговиот просек од додипломските студии е под 8.00. Според статутот на УКИМ просекот мора да биде повисок од 8.00.