Груевски, Јанакиески и Рангелова на суд за шамарите во Центар

by fokus 08:24
08:24

Ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ на СЈО е закажано за денеска во Кривичниот суд.

Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

- Advertisements -

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Поврзани новости