Груевски ја исмева аферата „Фабрика за пасоши“

by Фокус

Премиерот Никола Груевски во врска со најавената „бомба“ од СДСМ, рече дека ќе се види оти тој филм, кој наводно е согласно стратегијата на опозицијата, најверојатно не постои, исто како и нивната партиска програма. Ова тој го истакна, обраќајки се на 15-годишнината од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ во фаза на загревање почнаа да снимаат филмчиња. Едниот се вика „Одам бос по пасошки корици и докажувам со викање дека сум ВМРО-вец“, демек пасоши за избори се штанцале, па потоа самите се демантираа оти никогаш не рекле дека биле за избори – истакна Груевски

Поврзани новости