Груевски: Имавме тежок противник, но победи Република Македонија

by fokus
Македонија имаше фер, демократски и слободни избори на кои граѓаните слободно гласаа во мирна атмосфера и придонесоа Македонија да постигне успех на овие избори, рече Никола Груевски вечерва во седиштето на ВМРО – ДПМНЕ.

„Денес победи нашата коалициј, но и Република Македонија Нашата цел ќе биде кризата да се заврши со овие избори и државата да оди напред. ВМРО – ДПМНЕ на овие избори имаше тежок противник, тоа не беше само СДСМ и тоа сите го знаете и затоа оваа победа има особена важност и тежина“, рече Груевски.

 „Од 88,61 отсто обработени гласови 434.051 се за ВМРО-ДПМНЕ, а 415.258 за СДСМ. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори во Македонија. Во четвртата изборна единици 7.476 гласа разлика се во полза на ВМРО-ДПМНЕ. Следува процес на формирање коалиции, следува процес на формирање Влада во РМ. Кризата во Македонија мора да се заврши со овие избори и државата да оди напред. ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе бидат секогаш со народот, со граѓаните на РМ и секогаш ќе работат во корист на државните и на националните интереси, како и да се свртат работите, што и да се случува. Секогаш може да сметаат на нашата поддршка. ВМРО-ДПМНЕ имаше исклучително тежок противник. Тоа не беше само СДСМ. Затоа оваа победа има посебна тежина и важност. Она што е видливо после избројаните гласови е дека гласовите за нас се во рамките на постојаната поддршка. Поголеми изненадувања има кај албанскиот електорат. СДСМ доби значителна поддршка од албанскиот електорат во РМ. После овие избори ќе извлечеме поуки“, рече Груевски.

Поврзани новости