608
Со почеток во 9 часот утре, во Основниот суд Скопје 2 е закажано продолжение на судскиот процес по тужбата на Никола Груевски против претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Премиерот бара половина милион евра од Заев поради серијата пресконференции во врска со аферата „Македонска банка“.
Досега имаше неколку рочишта, на првото се појави Заев со тимот адвокати додека Груевски сѐ уште не се јавил во судницата како тужител. Со оглед на тоа што денеска ја повреди ногата, може да очекуваме и утре премиерот да не дојде на соочување во судот.
Претходно судот не ги прифати аудиоснимките од аферата како доказ во судскиот процес.