Груевски и Заев утре ќе се соочат во судница?

by Фокус

И двајцата денеска не се појавија во Основниот суд Скопје 2, каде што се случи неочекуван пресврт, бидејќи сведокот газда Нини истакна дека ниту се познавал со Груевски, ниту со Заев, а не го познавал и Ден Дончев.

Заев утре треба да даде исказ, а според неофицијални информации, во судница, и покрај повредата на ногата, ќе се појави и премиерот. Доколку и тој присуствува на рочиштето, се очекува и негово сведочење за висината на душевната болка која му ја нанел Заев, со обвинувањата за наводната криминална продажба на Македонска банка.

Премиерот бара половина милион евра од Заев поради серијата пресконференции во врска со аферата „Македонска банка“.

 

Поврзани новости