Груевски и Тачи „неработници“, Ременски најредовна, а Димовски и Тунтев најзборливи во Собранието

by fokus

Извештајот „Мојот пратеник“ за второто полугодие од 2017 година откри кои се  пратениците кои е речиси невозможно да се видат на нивното работно во Собранието. Од двата политички блока, бројките покажуваат дека има пратеници кои ја запоставуваат работата народен избраник, анализираше Алсат-М.

Мендух Тачи е пратеникот кој најмногу отсуствувал, односно во изминатите шест месеци Тачи во Собранието се појавил само еднаш. Има 77 отсуства, никогаш не зел збор на пленарна седница и во работните тела, не поставил ниту едно пратеничко прашање и не гласал за ниту еден закон.

Слични се и податоците за Никола Груевски. Во актуелниот мандат како пратеник Груевски се појавил само еднаш во второто шестмесечје од 2017-та, има 68 отсуства, ниеден збор на пленарна седница и во работните тела, каде во едно од нив е и член, не поставил ниедно пратеничко прашање и не гласал ниеден закон.

Во групата на Груевски и Тачи влегува и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски. Во периодот јули-декември 2017-та во Собранието тој се појавил само два пати, има над 50 отсуства, ниеден збор на пленарна седница, ниедно пратеничко прашање и ниеден глас за некој закон или амандман.

Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременска, ја држи штафетата како најактивна народна избраничка. Од пратениците, најзборлив е Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, а по него е Томислав Тунтев од СДСМ, па Фадил Зендели од Движењето Беса и Артан Груби од ДУИ.

Поврзани новости