Груевски и соработниците на суд за Титаник

by fokus 08:08
08:08

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Титаник“, што е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство.

Покрај поранешниот премиер Никола Груевски, во овој случај обвинети се и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Претходното рочиште беше одложено бидејќи се уште немаше решение за барањето на адвокатите на обвинетите за изземе судечкиот совет, претседателот на Кривичен и на двајца судии од Апелација.

Адвокатите побараа изземање поради сомнеж дека судиите се дел од нелегално прислушуваните разговори.

Поврзани новости