Груевски и порача на Кацарска: Кој нанесува неправда, е понесреќен од оној кој ја трпи

by fokus

Осудениот екс премиер, Никола Груевски, од својот азил во Унгарија и испрати порака на судијката Добрила Каацарска, со цитат од античкиот филозоф Демокрит.

„Така е тоа со некои луѓе кои делењето правда го сфаќаат како нешто со што можат да прават што сакаат, а со цел незаслужено да стекнат некаква почит, моќ и слава.

Една неправда ја наведе да мора да прави и други неправди за да ја покрие веќе направената неправда… па ќе следи нова, за да ги покрие претходните две, итн. Се до еден момент…

….,,кој нанесува неправда, по несреќен е од оној кој ја трпи,,.
Демокрит“, пишува Груевски во последниот фејсбук статус.

Поврзани новости