Груевски и коалицијата: Се обврзуваме дека ќе ја штитиме Македонија

by fokus

Коалицијата „За подобра Македонија” денеска потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите.

Срефче Јакимовски од ГРОМ, Слободан Угриновски-Титови леви сили, Амди Бајрам, Иван Стоиљковиќ, Живко Јанкуловски се дел од  коалицијата кои  ја потпишаа Декларацијата „Македонија 2020”

Лидерот на најголемата партија во коалицијата – ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изјави тие се обврзуваат за посветено работење и реализирање на проектите и подобрување на животниот стандард.

– Граѓаните сакаат напредок и просперитет и знаат кој има капацитет да го стори тоа и кому да му веруваат. Нашите ветувања тежат, а нашите зборови вредат. Сите заедно можеме да помогнеме за подобра иднина на Македонија. Ние, членовите на Коалицијата, се обврзуваме да ги штитиме интересите на Македонија, македонскиот народ и интересите на етничките заедници, изјави Груевски.

Вети дека ќе ја почитуваат волјата на граѓаните и ќе промовираат позитивен и конструктивен пристап во политиката.

Поврзани новости