Али Ахмети и Никола Груевски денеска се договориле да формираат работни групи кои ќе преговараат за новиот владин состав, соопштија од ДУИ.
„На средбата се разговараше за изборниот процес, при што двајцата соговорници дадоа позитивна оценка за изборите и за демократската и слободна атмосфера во која се одвиваа”, се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција.